
Показатели за нашиот успех и максимална посветеност се успешните бизниси на нашите задоволни клиенти. Секогаш се стремиме во насока на нови и современи видици надвор од стереотипите на класичното сметководство.
На нашите клиенти им нудиме советодавна поддршка кон одржување и проширување на нивните капацитети и отвореност кон нови дејности.
Нашиот тим е во чекор со барањата и потребите на пазарот па затоа решивме да ја прошириме нашата работа кон стручно усовршување и надоградување на лица во оваа професија.
Целта сакаме да ја реализираме од обука за основи на сметководство кон напредно сметководство и изработка на сите видови на финансиски извештаи. Предноста во она што го нудиме е можноста во секој момент кандидатите да добиваат практична реализација на се што е споделено како теорија или практично решение на соодветен проблем.
Ви препорачуваме Вашата иднина да ја градите покрај сериозен и докажан тим затоа што Вашите бизниси допираат во секое поле на Вашето живеење, од тие причини насочете ја кон квалитет.
Во нашата академија ќе се сретнете со познавања за фирми од сите области како трговија, производство, услуги како во приватен сектор, така и со знаења за буџет и буџетско работење, како и работење со здруженија на граѓани и непрофитни организации.
Во текот на обуката стекнувате знаење за комплетно водење на бизнис од негово основање, водење на истиот, надоградување, како и увид на позитивни и негативни влијанија кои секојдневно ни се случуваат. Во текот на обуката ќе ги следите и промените кои ни ги диктираат Законот и Законските прописи па ќе бидете секогаш во тек со секоја законска измена. Сметководствената професија е комплексна бидејќи опфаќа многу закони како Закон за ддв, Закон за данок на добивка, Закон за персонален данок, Закон за водење на трговски друштва и други закони, но пред се според начелата и принципите на Законот за сметководство и сите воведени стандарди на финансиското работење и известување.
Вашиот труд Ви дава можност за вработување во Нашата компанија доколку покажете максимслна посветеност и желба кон оваа професија.
Добивате печатена брошура со Основите за сметководство, практични примери и изработка на сите извештаи преку пропишани обрасци.